Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување на енергенси, без осцилации во цената или количината, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија, Мицкоски напомена дека Владата работи на тоа, од јануари цената на струјата да биде пониска или да продолжи евтината тарифа.

И во однос на гасот, премиерот не очекува какви било шокови, иако смета дека е можно во европски рамки цената двојно па дури и тројно да се зголеми.

– Зголемената цена на струјата е на берзите, не кај нас. Кај нас цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните откако е оваа Влада не е покачена и така ќе остане. Работиме на таа проблематика и од јануари цената најмалу да остане иста, а работиме и на тоа да има поевтинување или продолжување на евтината тарифа. Ние навреме ги чувавме нашите акумулации, тие се сега некаде на 50 отсто, се ремонтираат или завршуваат ремонтите во термоенергетските постројки. Временската прогноза вели дека полната грејна сеозна би почнала меѓу 2-ри и 5 ноември, а до тогаш целокупните подготовки ќе бидат завршени иако веќе три четвртини се завршени, истакна премиерот.

Според него, Македонија навреме го потпиша Договорот со Косово околу јагленот со кој значително ќе се намали цената на чинење на произведениот мегават час електрична енергија во нашите производни капацитети.

– Вода имаме. Од аспект на грејната сеозна и количините на електрична енергија, не очекувам турбуленции. Очекувам најмалку иста состојба како сега, да немаме никакво покачување или скокови. За гасот, не сме голем консумент. Резервите се од 25 – 50 отсто пониски од петгодишниот европски просек и во Европа ќе има голем предизвик поради таквата ситуација во моментов. Очекувам цената на гасот можеби да дуплира па и да триплира оваа зима, но тоа кај нас нема да има големо влијание, зашто ние најчесто користиме когенеративни постројки кои исотвремено произведуват топла вода за згаревање, а потоа од пареата и електрична енергија со што се амортизираат влезните трошоци. Значи, имајќи предвид дека не сме голем консумент и со оглед на технологијата, не очекувам какви било шокови, подвлече Мицкоски.

За нафтата, дополни, се прават калкулациите, а мерки веќе има.

-Македонија има убедливо најевтина гориво во Европа. Сите ние купуавме од исто место, без разлика дали купува Норвешка, Германија, Франција,…. Цената што ја добиваме е иста. И денес, кога имаме криза, повторно цената е иста. Кога купувате производ од исто место, не можете да го споредувате со куповната моќ на граѓаните, тоа е исто како да спроедувате кајсии со лимони. За нас е важно она што е товар врз цената и тоа е најмало, нашата акциза за дизелот е 15,5 денари околу 25 центи, а во другите земји е едно евро. Тука се гледа како се однесува државата кон социјалниот мир во општетсвото. Можеме да споредуваме кајсии со кајсии, лимони со лимони и круши со круши, а не едно со друго овошје или краставици со кајсии, порача Мицкоски.

Тој повтори дека земјава нема да воведе забрана за реекспорт на горива.

– Подготвени сме и тоа е успехот што го направи оваа Влада – да дозволи конзум дома и реекспорт. Нема како други држави да воведеме забрана за реекспрот на нафата и нафтените деривати. Веќе имаме поевитни акцизи, прогласена е кризна состојба и како резултат на тие мерки имаме до половина евро за литар пониска цена на бензините, споредено со соседите во регионот. Тоа предизвика да имаме до 50 отсто зголемен козум на некои бензински пумпи посебно во пограничните делови. Инаку, секојдевно разговараме со увозниците, уверени сме дека количини има доволно, продуктоводот е полн, државните резерви се солидни, не гледам во овој момент можност и причина за стравување во текот на зимата. Загрижен сум за тоа – до кога сетоа ова ќе трае и на тоа прашање никој во светот не може да даде одговор, до кога ќе трае кризата, рече Мицкоски.