Бројот на дневно починати кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80 отсто од починатите, според тврдењата на институции, имале хронична болест, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во својата објава на Фејсбук бара хронично болните да бидат ослободени од работа поради високата загаденост на воздухот и пандемијата од коронавирусот.

Мицкоски апелира до Владата, министерот за здравство Венко Филипче и до Комисијата за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа, особено тие со белодробни заболувања.

– Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност, порачува Мицкоски во својата објава.