По вчерашните најави на премиерот Зоран Заев дека Македонија е подготвена да прими цивилно население од Авганистан, лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека власта во Македонија не е способна да обезбеди грижа за сопствените граѓани, не пак за бегалци од трети земји.
Мицкоски повика побогатите држави од Македонија да покажат солидарност и да бидат пример за хуманост, а не само „да ја тапкаат Македонија по рамо“.
-Зоран Заев не е способен да обезбеди грижа и заштита за нашите граѓани, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји. Македонија е една од најсиромашните земји во Европа, во ваква една ситуација, добро е да видиме пример на солидарност од побогатите земји од нашата Македонија, со пример да покажат вредности, да прифатат бегалци од Авганистан, а не со тапкање по рамо. После да размислуваме дали и кој ќе го плати… Инаку да потсетам и ова нели беше во главата на вмровците!- објави Мицкоски на Фејсбук.