Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во посета на болните дечиња, хоспитализирани во скопската детска клиника.

Им однесе пакетчиња, им посака многу здравје во новата година.

„Денеска го имав задоволството да ги посетам дечињата од Детската клиника во Скопје, и да им ја честитам Новата година и празниците што наближуваат, да им посакам што побрзо опоравување и остварување на нивните желби и соништа.

За миг нивните насмевки го разубавија нашето секојдневие.

Ги запознав Тони, Кристина, Нора, Мирјана, Самир и другите деца кои се нашето богатство и иднината на оваа земја“-порача Мицкоски.

За миг нивните насмевки го разубавија нашето секојдневие.

Ги запознав Тони, Кристина, Нора, Мирјана, Самир и другите деца кои се нашето богатство и иднината на оваа земја“-порача Мицкоски.