Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.
На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.




