Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (26 јули), со почеток во 12:00 часот, ќе изврши увид во градежните активности за изградба на клучката „Момин Поток“ во Скопје.
При посетата, премиерот ќе се информира за текот на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во главниот град.
По увидот, предвидено е Христијан Мицкоски да даде изјава за медиумите, на која се очекува да говори за динамиката на изградбата и за значењето на проектот за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Скопје.




