Од прес службата на Владата информираа дека, утре (сабота, 03 октомври 2026 година), во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.
По завршување на увидот предвидено е изјава да даде премиерот Мицкоски, потенцираат во соопштението.




