Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи пишува дека во 13 часот ќе објави нов скандал за начините и методите по кои работи власта.
Вистинското лице на власта е она кое е полно со скандали, криминал и неработа. Тој канцер метастазира. Животот дојде само за неколкумина додека сите останати го живеат тешкото секојдневие. Денес ќе објавам нов скандал за начините и методите по кои работи власта, за како само со неколку потписи и постапки се вртат милионски суми на пари и како се користат функциите дадени од граѓаните за лични бизниси и енормни заработки. Следете ме во 13 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.