Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар, порача денеска мандатарот Христијан Мицкоски од 7. Македонски енергетски форум (МЕФ).

Мицкоски напомена дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа.

Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги имаме предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето, зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.

-Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија па наместо да увезуваме, да извезуваме струија. Тоа ќе го избалансира нашето портфолио и ќе придонесе за раст на домашниот производ и за поддршка на економијата, рече мандатарот.

Пред него се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, со порака дека енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои треба да ги надминат партиските политики. Таа оцени и дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

– Со интерконекторот С. Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

Учесниците на Форумот ќе ги отворат прашањата за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, за трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошка одржливост, за примената на технологијата и иновациите, како и за финансирањето на реформите кон зелена транзиција.

Меѓу првите странски директни инвестиции во енергетиката – нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш

Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога се исклучува реалноста тогаш правиме грешки, за жал која е реалноста всушност нашата земја е сиромашна земја и вистинското прашање е тука дали Македонија може да си дозволи ваква енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали ние имаме човечки капацитет за една таква транзиција и дали нашиот систем може да си дозволи една ваква транзиција? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека повеќе од 4,000 семејства зависат моментално од производството на електрична енергија од термо електраните, термо електраната во Битола и Осломеј, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното обраќање на македонско енергетскиот форум.

Мицкоски продолжи и додаде:

-Лесно се зборува за таа транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи, бидејќи ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик енергетска криза како што беше пред неколку години бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте а со обновливите извори, јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена дека може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата бидејќи побарувачката на стопанството на економијата е важно бидејќи треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте таа економија, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега 8 од 10 мои студенти си одат надвор бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.

-Како електро енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план со добар надзор електро енергетските капацитети ќе можат да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда затоа треба да ја имаме реалноста во предвид и треба да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа на тоа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот.

-Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид инаку нема да успееме, рече Мицкоски.

Мицкоски ексклузивно најави прва странска директна инвестиција која ќе е во делот на енергетиката.

-Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада тоа ќе е објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот и ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски продолжи и укажа дека без владеење на правото нема развој.

-Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото развојот на земјата не би бил возможен така што двојни стандарди не се возможни, заклучи Мицкоски.