Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција рече дека тој нема да учествува на евентуална лидерска средба којашто би дошла по иницијатива на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ би седнала на маса со останатите партиски лидери само ако иницијатива за таква средба дојде од Владата.

-Не ја гледам улогата на Пендаровски во оваа лидерска средба, Пендаровски не е лидер на политичка партија. Во еден такот формат, којшто би бил организиран од него нема да учествувам во една таква средба бидејќи не ја гледам улотага на Стево Пендаровски во една таква лидерска средба, рече Мицкоски.

Претходно, премиерот Заев рече дека тој до крајот на годинава планира лидерска средба којашто би ја свикал лично тој ако иницијатива претходно не дојде од шефот на државата.