Потребно е оваа влада да даде оставка, да се формира и да се формира влада на национален спас во која ќе влезат најголемите умови на оваа држава кои што ќе успеат да ја извадат Македонија од оваа криза, а после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори на кои очекувам на кои очекувам огромна поддршка, објаснува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Република“.

Тој вели дека ќе поднесат интерпелација за гласање на недоверба на Владата во оној момент кога ќе проценат дека имаат сили и поддршка од обединетата опозиција како и о пратеници кои припаѓаат на помалите партии од коалицијата на СДСМ.

-Во моментов има неколку пратеници од владејачкото мнозинство кои активно разговараат со нас за пад на владата и за рушење на оваа влада на Зоран Заев.Тие се незадоволни од националното предавство кое се случува, не можат да поминат преку тоа.Тие се незадоволни од оваа криза и тоа е спротивно од она што и било ветувано во формирањето на таа коалиција. Тие имаат свои гласачи, свои членови и размислуваат да направат таков чекор. Јас ги охрабрувам.