Одиме напред, ќе си ја донесеме Европа дома, рече денеска вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров.

– Европеизацијата на македонското општество не смее да чека, а нашиот план е мапирање на некои проекти кои сакаме да ги реализираме во овој мандат. Во октомври добивме одличен извештај, а тој патоказ од Брисел имаме намера да го искористиме за да влијаеме врз процесите дома, рече Димитров на денешната конференција.

Тој додаде и дека „продолжува борбата против корупцијата“:

– Ги консултираме најдобрите европски практики. Борбата против корупцијата и секторските политики продолжуваат. Можеби ова звучи апстрактно, но европеизацијата на нашата држава е процес кој се движи само напред. Има пречки и предизвици, но нема алтернатива и нема друг правец. Одиме напред, ќе си ја донесеме Европа дома, рече Димитров.