Сакам да ве уверам дека и покрај тоа што има хушкачи и луѓе коишто лиферуваат на дневна основа лажни вести сакајќи да ги манипулираат Македонците нема да отстапам, ниту да се повлечам. Ќе одиме до крај!, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Уште побројни, помасовно, а јас заедно со вас, ќе го предводиме повторно победничкиот марш кон слободна Македонија, нема чекор назад. Затоа што ќе одиме напред со народот на Македонија, силно, мирно и со гордо крената глава!, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Протестниот марш продолжува и денес.
-Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието, информираат од „Ултиматум – НЕ благодарам“.
„Нема полициска монтировка која ќе не уплаши.
Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација.
Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина“ – се наведува во поканата за протест.