Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук напиша дека континуирано од СДСМ против него се води, како што вели, црна кампања полна со невистини, клевети и омаловажувања.
-Во текот на вчерашниот ден, 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-
Вториот доказ, како што наведува Мицкоски, „е пресуда на граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook“.
-Нервозни се бидејќи аферата броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај, напиша Мицкоски на Фејсбук.