Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека очекува чист датум за почнување преговори со ЕУ, иако оваа влада тоа најмалку го заслужува.
„Очекуваме тоа што цело време го зборуваме, да добиеме чиста дата за отпочнување преговори со ЕУ, иако оваа Влада можеби тоа најмалку го заслужува. Но, сепак, граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат и нашата држава тоа го заслужува. Се што е надвор од тоа да биде чист датум за преговори ќе биде голем неуспех за оваа Влада и политиките на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи. ВМРО-ДПМНЕ апелира за добивање чист датум за преговри. Во спротивно очекуваме формирање техничка влада и одржување предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски одговорајќи на новинарско прашања по вешерашната средба со жители на Општина Кисела Вода.