Нови поразителни факти за црното владеење на Владата. Големи ветувања, никаква реализација, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
– Во месец јули премиерот Заев запрашан за ниската реализација на капиталните инвестиции одговори „човек треба да биде слеп за да не ги види капиталните инвестиции“. На крајот на минатиот месец рече дека капиталните инвестиции ќе растеле. Демантот стигна вчера каде од извештајот за макроекономските показатели може да се види дека за полни 10 месеци реализацијата на капиталните инвестиции е поразителни и историски најниски 32% пред да се направи ребалансот на буџетот (односно со ребалансот изнесуваат очајни 41% за цели 10 месеци), напиша Мицкоски.
Тој натаму во коментарт додава:
– Човек не треба да биде слеп, како што вели премиерот, ниту премногу да познава економија за да се види дека оваа влада не работи ништо и има историски најнизок процент на реализација на капитални инвестиции. Тоа е како да одвоите пари за изградба на куќа, а не можете да стигнете ниту до пола. Пари има, ама работа нема. Овој историски најнизок процент на реализација на капитални инвестиции значи дека владата и министерствата не работат ништо. И ова е одговорот на прашањето зошто за година ипол владеење оваа влада нема ниту еден свој капитален проект кој го реализира, нема изградено ништо, затоа што нема сработено ништо. Немањето капитални инвестиции значи и дека стопанството и бизнисот е замрзнат, додека тендерите на власта и нивните потесни бизниси работат одлично. Црно време за економијата, уште поцрно за граѓаните, пишува Мицкоски.