Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од мѓународниот секретар Тимчо Муцунски, денес оствари проштална средба со Дан Оријан – нерезидентен Амбасадор на Израел во Македонија, соопшти ВМРО-ДПНМЕ.

Мицкоски и Оријан разговарале за потребата од дополнително подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји преку конкретни проекти. Истовремено, Мицкоски се заблагодарил за поддршката што ја дава Израел на Македонија од својата независност.

Мицкоски го информирал Оријан за внатрешно политичката состојба во Македонија, нагласувајќи дека недостатокот на соодветна борба против корупцијата е една од клучните причини поради кои Македонија не привлекува доволно странски директни инвестиции. Во таа насока Мицкоски ја истакна заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на добро деловно окружување преку систематски реформи.