-Го слушам вчера Пендаровски на помалку скромен митинг во една скопска населба, каде што кажува „Ако победи Гордана, ќе има предвремени избори, знаете таму кој ќе победи, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ“. Па кој да победи? Овие политики по принципот на Мирчо свињарникот? Тие ли треба да победат? Зарем треба да победат овие политички измамници кои единствената порака во оваа политичка кампања има ЕУ и НАТО, а им се урна како кула од карти единствената нивна теза со која ги мотивираа луѓето да гласаат. Им кажаа дека не може да одат по овој принцип во Европа се знае како се оди. По принципот на Мајбах и Бентли не се оди во Европа. Не бива така, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за штипската ТВ Стар.

Резултат на сите неправди кои власта ги прави беше првиот круг од претседателските избори. Тоа ќе се случи сега со засилена динамика и зголемена разлика во вториот круг. Иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, истакна Мицкоски.

-Ако имате влада која доживеа пораз на референдумот, имаше неуспешен референдум. Влада во која што е поразен владиниот кандидат, поддржан од хотел коалицијата е 102,5% ист како Зоран Заев, тогаш логично се наметнува прашањето, а согласно законот, дека ние треба да имаме предвремени парламентарни избори. Бидејќи оваа Влада го изгубила кредибилитетот на сопствените политики. И тогаш треба да дојдат некои нови политичари, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е повеќе од сигурен дека Пендаровски ќе биде поразен во недела.

-Пендаровски го изгуби личниот интегритет, за жал, за таа пуста власт, порача Мицкоски.