Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предлага на претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба за заштита на граѓаните од корна вирусот.

-Апелирам до Пендаровски да прогласи вонредна состојба во Македонија што поскоро и да не се губи време. Да не навлегуваме во правните проблеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје, рече Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето  на партијата.

Тој и порача на Владата да не се грижи за ПР, туку за здравјето на граѓаните и нагласи дека  веднаш по прогласување на вонредната состојба да донесе одлуки за заштита на бизнисот и компниите.