МИЦКОСКИ: Покажавте дека Македонија може големи работи! Македонија ви се поклонува!

/ 12.11.2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им ја честиташе победата на македонските фудбалери.

„Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува.

Да ги поддржиме и ракометарите кои вечерва играат со Финска, да извојуваме уште една голема победа!

Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци.

Напред Македонијо“ – порача Мицкоски.


Од истата категорија