Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Феликс Шрајнер од ЦДУ која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на ЕПП, информира партијата.
Исто така Феликс Шрајнер е претседател на Комитетот за економија и одржлив развој на германскиот Бундестаг.
На средбата стана збор за економската и енергетска криза во Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта преку окупираните институции го предаде стопанството, бизнисот и на директен начин граѓаните во Македонија.
Власта наместо план, поддршка и стратегија за помош на стопанството и бизнисот, понуди нова енергетска кризна состојба. Владата за жал воопшто не вложува напори за да изнајдат решенија како да помогне на граѓаните и на бизнис секторот за да се пребродат актуелните кризи во државата, појасни Мицкоски на средбата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така во текот на средбата укажа Македонија со оваа власт се движи во лоша насока.
Македонија во вистинска насока ќе започне да се движи само со предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо.