Ова денес што го говорам не е за политички поени или дека по автоматизам треба да се критикува се она што доаѓа од Владата. Туку дека според објективни параметри ова нема да ја залечи економијата, а кризата ќе се позадлабочува, истакна на деншната прес конференција Христијан Мицкоски веднаш по објавата на економските мерки кои ги донесе Владата на Оливер Спасовски.
„Мерките за стопанството и граѓаните кои ги донесе Владата се причина за огромна и сериозна загриженост дека не чека црна и тешка економска криза. Помошта која ја дава Владата не само што е задоцнета, прекасна туку и недоволна… Не веламм дека нема поединечни мерки кои не се добри, и нема да помогнат. Но, тврдам дека целиот пакет за помош не е вистински и не е доволна помош која му треба на стопанството и граѓаните“, истакна Мицкоски.
Според него, овој пакет не може ни одблиску да се споредува со она што го нудат државите од регионот. Србија помошта од 5 милијарди евра ја понуди кон граѓаните и бизнисот. Словенија 3 милијарди евра, Грција 6.8 милијарди евра и итн. Во Словенија сите само вработени од погодените бизниси ќе добијат помош од 700 евра. А, државата ќе им ги плати придонесите, 150 евра ќе добијат и сите редовни студенти во Словенија. Додаток на плата од 100 евра ќе добијат и семејствата со три или повеќе деца. А, оние кои ќе имаат дури и повеќе од три ќе добијат помош од 200 евра месечно.
Поради тоа, Мицкоски истакна:
„Србија најави помош од 100 евра за секој возрасен граѓанин. Тоа се околу 520 милиони евра. А, со цела минимална плата ќе ги помогнат индивидуалните бизниси. Ова е како се справуваат државите околу нас.
А, нашите мерки се далеку од доволни. Ова што сега како анализа ќе го кажам нема да го слушнете на пресот на Заев и нема да го слушнете на пресот на Оливер Спасовски.
Имено, ќе започнам од првата и суштинска мерка која што треба на сите најпогодени компании од пандемијата и од економската криза да им субвенционира по 14.500 денари трошоци за ликвидност кои што понатаму би ги искористиле компаниите во месеците април и мај односно најдоцна до 15-ти мај да бидат исплатени за месецот април, односно најдоцна до 15-ти јуни за месецот мај. Чудно зошто не се споменува месецот март бидејќи вонредната состојба и сите оние компании кои што се погодени од оваа пандемија и кои што практично го затворија бизнисот се жртви на пандемијата и ги чувствуваат последиците уште од месец март, а вработените во тие компании, во тие бизниси треба да добијат плата за месец март која што би се исплатила во април. А, сопствениците на тие бизниси бидејќи остваруваат приход нула во овој момент не знаат како да ги обезбедат обврските кон вработените кои што и онака не одат на работа и не работат поради пандемијата која што ни се случува во државата.
Затоа ова мерка не само што нема да помогне во справување со кризата на бизнисите туку дополнително ќе ја отежни работата на компаниите бидејќи практично државата ги остава сами на себе, сопствениците на бизниси два месеци почнувајќи од 15-ти март до 15-ти мај да се снајдуваат како знаат и умеат за да бизнисите опстанат и да ги задржат вработените во тие бизниси“, смета Мицкоски.
Според него, тоа што нема да го слушнете во пресот на Зоран Заев и Оливер Спасовски е следната реченица, а тоа е дека субвенцијата најмногу изнесува 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа.
„Што подразбира ефективен час поминат на работа? Неделно тоа се 40 часа, дневно се 8, а месечно 160 часа. Имајќи предвид дека вонредната состојба ќе трае до средината на месец април, а најверојатно како што стојат за жал работите ќе биде продолжено уште за еден месец. Тоа значи дека вработените ќе имаат нула ефективни работни часови во месец април. Или тоа ќе значи дека компаниите за кои што работат овие вработени со нула ефективни работни часови во месец април ќе не можат воопшто да ја користат оваа поддршка од 14.500 денари“, порача Мицкоски.
Тој додаде дека е можно пандемијата да потрае и во месец мај. И вонредната состојба да биде продолжена и во месец мај, што значи повторно вработените во овие компании во месец мај да остварат нула ефективни часови што значи дека компаниите и за месец мај ќе не можат да ги користат овие 14.500 денари или поради вонредната состојба вработените во компаниите не остваруваат ефективни работни часови што значи дека како што е уредбата овде напишана, како што е член 3 став 1 тие компании ќе не може да ги користат ниту овие скромни 14.500 денари.
„Она кое што исто така е значајно да се спомене, а кое што нема да го слушнете во пресот на СДСМ и Зоран Заев и на пресот на Оливер Спасовски е фактот дека ако компаниите кои што исплатиле бонуси, надоместоци и дивиденда не можат да ги користат овие средства за ликвидност и за поддршка на работењето на тие компании зошто, затоа што на 26 декември во 2019 година ќе го слушнете тогаш се уште премиерот Зоран Заев кој што вели цитирам:
„Економијата блеска, а резултатите се за поклонување“.
Потоа ќе ја слушнете министерката за финансии, Нина Ангеловска како повторува дека буџетот е ликвиден и дека граѓаните и сопствениците на бизниси нема зошто да бидат загрижени. Неколку пати исто така ќе ја слушнете во техничката влада вицепремиерот за економски прашања како вели дека македонската економија блеска и дека сопствениците на бизниси нема потреба зошто да се грижат. Впрочем заклучно со 10 март вие ќе слушнете дека буџетот блеска, дека економија ни е ликвидна и дека никој нема потреба зошто да биде загрижен. Кога вие како сопственик на бизнис ќе ги слушате сите овие лица како ве убедуваат дека економијата блеска тогаш единствено нешто што најверојатно ќе направите, а сте оствариле позитивен резултат во текот на 2019 година ќе ја распределите дивидендата односно акумулираната добивка или во најмала рака ќе ги наградите вработените во вашата компанија со бонус или со друг надоместок, за да две недели после 10 март го слушнете премиерот како ви вели дека ни следува катаклизма на економски план и дека сопствениците на бизнис кои што претходно го слушаа дека економијата блеска, ја распределија дивидендата, поделија бонуси на вработените сега всушност погрешиле и тие нема да можат да бидат корисници на оваа поддршка која ја смислиле СДСМ и Зоран Заев, а е бледа копија на она кое што ВМРО-ДПМНЕ го предлагаше.
Во пресот на СДСМ и Зоран Заев нема да слушнете дека сите оние компании кои што веќе се корисници на мерките преку Агенцијата за вработување нема да можат да ги користат овие 14 500 денари. Исто така во пресот на Зоран Заев и на Оливер Спасовски нема да слушнете дека оние компании кои што ќе остварат позитивна финансиска година ќе треба истите средства да ги врата започнувајќи од април 2021 во следните 3 месеци април, мај и јуни.
Понатаму во пресот на Зоран Заев и во пресот на Оливер Спасовски нема да слушнете дека оваа поддршка од 14.500 денари ве обврзува истото тоа да го направите и во месеците март да исплатите плата, да исплатите за месеците јуни, јули, август и септември за сите вработени кои што поради мерките на владата и онака не можат ефективно да работат и да ги посетуваат своите работните места. Како тоа би изгледало со бројки ако претпоставиме дека еден вработен во вашата компанија која што е погодена од пандемијата има нето плата од 21.000 денари или околу 30 000 денари бруто плата, тоа значи дека вие за месеците од март заклучно со септември треба да исплатите 7 плати во вкупна вредност од 210.000 денари. За тоа државата ќе ви даде субвенции од 29.000 денари под услов да не сте ја распределиле добивката и дивидендата, под услов да не сте дале на вработените надоместоци и бонуси, и под услов да не сте корисници на сите оние програми преку Агенцијата за вработување или вие всушност треба да инвестирате три и пол илјади евра, а државата на сметка на тоа ве обврзува да ви даде 500 евра кои што следната фискална година 2021 ќе треба да ги вратите во месеците април, мај и јуни. Ова не се мерки за поддршка во стопанството, ова се мерки кои што треба да создадат привид дека некој работел и дека некој смислил мерки за поддршка во стопанството. Ќе ги повторам мерките кои што ВМРО-ДПМНЕ ги понуди и мерките кои што сосема на крај, на крајот од денот ќе завршат како мерки кои што ќе бидат спас на македонската економија. Имено ВМРО-ДПМНЕ во деновите кои што следи, бидејќи прес конференцијата се недоволни за владата, до Владата ќе достави уредби со сила на закон за мерките кои што ги предлага. Да се отвори дебата на самата владина седница за да може претставникот кој што ќе биде таму и кој што е дел од техничката Влада да ги брани тие мерки. Првата мерка која што ќе ја доставиме е да бидат покриени до 50 проценти од трошоците по основ на бруто плата и за сето тоа ќе доставиме методологија. И тоа не само за месеците мај и април кој што ќе бидат исплатени во мај и во јуни, туку тоа ќе важи и за месеците март, април, мај и јуни, а потоа соодветно на ситуацијата ќе предлагаме нови мерки.
Втората мерка која што ја повторуваме по трет пат е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата кои што во висина од 10 милијарди денари биле предвидени за оваа година, а веќе во првите два месеци јануари и февруари 1 и половина милијарда се уплатени во задолжителниот приватен пензиски столб да бидат веднаш со уредба со сила на закон пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни осум ипол до 10 милијарди денари.
Веднаш да се организира состанок кој ќе го води премиерот на Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања, министерката за финансии, претставници на највисокото ниво на македонските банки, финансиски институции, гувернерот на кој што ќе се разговара за мек трансфер на средства од благајнички записи во државни хартии од вредност. Да може Народната банка најпрво да ја намали каматната стапка од 1.75 на 1.5 или 1.25 да станат помалку тие атрактивни на сметка на тоа да бидат запишувани државни хартии од вредност преку министерството за финансии. Кои што можат доколку постои доверба кај банкарските и финансиски институции да бидат насочени за поддршка на бизнисот, поддршка на буџетот и конечно за поддршка на граѓаните во процесот за справување со пандемијата на корона вирусот.
Веднаш состанок на кој што овие стерилизирани средства, оваа ликвидност од банките полека на мек начин ќе биде пренасочувана од Народната банка кон државата, односно министерството за финансии.
Понатаму робустна, агресивна акција за испорачување на капиталните инвестиции. Мора капиталните инвестиции да се реализираат за да може да имаме паричен тек. Мора капиталните инвестиции робустно, масовно да бидат реализирани и испорачани, а со тоа да бидат повлечени сите кредитни линии кои што се поврзани со инфраструктурните капитални инвестиции.
Замрзнување на ануитетите во банките на граѓаните и правните лица. Не вака, не со определена корекција и не со репрограмирање туку веднаш замрзнување на ануитетите за отплата на главнината и каматата на граѓаните и правните лица во банките во период од 3 до 6 месеци. Веднаш со уредба со сила на закон.
Намалување на трошоците во буџетот. Ги поздравуваме сите оние намалувања на трошоците во буџетот како што се намалување на платата на избраните и именуваните функционери на минималец од 14.500 денари за месеците април и мај. Го поздравуваме укинувањето на додатокот на членовите на совети, на членовите на надзорни одбори на членовите на управни одбори се додека кризата не заврши. Но истовремено апелираме за намалување и целосна пренамена на средствата кои што се користат за партиски вработувања од времен карактер, за репрезентации, трошоци со договорни услуги. Веднаш рационализација на буџетските трошења. На тој начин ќе обезбедите неколку милијарди денари кои потоа можете да ги користите за поддршка на буџетот и за поддршка на стопанството. Сето ова кое што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот го предлагаше нека биде ваш предлог. Заборавете дека ВМРО-ДПМНЕ го предложило и дека Христијан Мицкоски го предложил. Јас сум свесен дека поради вашата надменост тешко ќе си признаете дека ова е вистинскиот пат, но барем еднаш во вашиот живот ставете го пред партискиот интерес, државниот интерес и интересот на граѓаните. Прифатете ги овие мерки, прифатете за добрата и стабилна иднина на нашата држава и нашите граѓани“, заврши Мицкоски.