Состојбата со нафтата и нафтените деривати, дизел горивата, безоловните бензини, керозинот и т.н, се во исклучително добра состојба. Како држава во овој моменте не гледаме во ланецот на снабдување било какви предизвици, но доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе спремаме нова стратегија, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
-Во постојана комуникација сме со снабдувачите и од тој аспект не гледаме опасност за нашите граѓани и за нашите бизниси. Има доволно количини и во државните резерви, но и во цевководот кој што го поврзува солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, кој што ќе е функционален и оперативен. Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси. Зголемена е потрошувачката во одредени пикови на денови и до 30%, поради тоа што голем број на граѓаани од соседните земји доаѓат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и запдната граница, затоа што кај нас се убедливо најевтини и дизелот и безоловните горива, рече Мицкоскои.
ПОремиерот посочи дека кај соседите нафтените деривати се посклапи од 0,30 до 0,70 евро по литар.
Кај нашиот јужан и западен сосед цената доаѓа за дизел горивото во висина од 2,2 евра по литар, а кај нас е на 1,52- 1,53, занчи повеќе од 06,-0,7 евра по литар поевтино, и исто така на северната граница, во Србија некаде 1,80 дизелот што е од прилика 0,30 центи поевтино.
Во овој момет не гледаме оспасност, но доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе спремаме нова стратегија – вели премиерот.
-Во овој момет не гледаме оспасност, а исто така керозинот кој што го извезуваме, неколку аеродроми во регионот добиваат керозин, таков е приштинскиот и неколку други. Во овој момент, факт број еден е, граѓаните користат најевтини горива во регионот и факт број два имаме доволно количини и сега за сега не гледаме не гледаме никаков предизвик кој што е поврзан со недостаток. Доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе спремаме нова стратегија, дециден е Мицкоски.




