Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека минатата недела полицијата упаднала во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

– „Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава“, напиша Мицкоски во својата објава на „Фејсбук“.