Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета во општина Гази Баба одговараше на новинарско прашање кое се однесуваше на вчерашното негово тврдење дека струјата ќе постапи за над 18%, а за кое власта велеше дека е лажно и рече дека од власта која толку пати го лажела својот народ, не очекува да ја кажат вистината после илјада кажани лаги.
– Се обидуваат да го амортизираат незадоволството помеѓу граѓаните со што ќе кажат процент кој не е реален. Тоа ќе мора да се компензира со трансфери на пари од буџетот до поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, затоа што ЕСМ не е подготвено да ги произведе сите количини на струја која ги бара ЕВМ Хоум за да ги испорача до граѓаните и индустријата, што значи дека ќе мора да увезува скапа струја и таа скапа струја ќе чини помеѓу 150 и 200 милиони евра според некои проценки на годишно ниво. Имајте предвид дека кон крајот на оваа година повторно таму некаде на 30-31 декември ќе имаме уште една ревизија на цената на електричната енергија, така да од први јануари ќе биде можеби уште еден шок ако овие останат до тогаш. Затоа се потребни предвремени избори за да може ЕЛЕМ да се реструктуира за да го може да го произведе тоа што им е потребно на граѓаните и да немаме дополнително покачување на цената на струјата – рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ова што го кажуваат од 7,5% е голема лага, тоа ќе се случува во оние преодни месеци како април и мај и можеби и септември и октомври а зимата и летото поскапувањето ќе биде од 20 до 50% во зависност од тоа каква изолација имаат нашите домови.
– Тука веќе немојте да зборувате за екологија затоа што граѓаните ќе горат сѐ за да можат да ги затоплат домовите во текот на зимата. Ова ќе биде исклучително тешка зима со исклучително загаден воздух во сите градови на Македонија. Имајте го ова во предвид уште од сега го најавувам за да не биде дека не сме го кажале. И второ, преку трансферот од буџетот од 150 до 200 милиони евра, тоа се пари на граѓаните кои што ова расипништво и лоповлук на владата ќе ги плаќаат преку своите даноци така што, треба да дојде крајот на овие криминалци во политиката а лекот за тоа нормално се предвремените парламентарни избори, тоа што го бара ВМРО-ДПМНЕ, да дојдат луѓе кои што знаат како треба да се работи за да не трпи стандардот на граѓаните – додаде Мицкоски.