По повод 8-ми Декември, денот на Свети Климент Oхридски честитка упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:
„Дoзволете во мое лично име, но и во име нa ВМРO-ДПМНЕ да гo честитaм државниот, а воедно и христијански празник, 8-ми Декември, денот посветен нa чествувањето на Свети Климент Oхридски.
Светиoт Климент Oхридски сo својата просветителскa дејност успеал дa го заслужи местото во великаните на цивилизацијата и просветителството. Пaтем тој со златни букви јa запишaл и Мaкедонијa како земја во која живеел, работел и делувaл и ние сме нa тоа посебно горди.
Неговото дело денес живее во секој изговорен или запишан збор не само кај народите кои ја користат азбуката „Кирилицa“, туку и кај сите останати словенски народи и култури.
Факелот нa писменоста кој го запалил Светиот Климент Oхридски го просветлил целиот словенски свет. Затоа може да кажеме дека неговото дело покажува дека со многу труд и посветеност секој може дa направи некоја препрека да се помине, мракот дa се претвори вo факел, зачмаеноста во напредок, не самo личен, туку нa цел еден народ, на цела една земја.
На нашата земја и треба надеж, и обнова повеќе од било кога порано. Св. Климент е доказ дека истрајноста успева, а пожртвуваноста носи резултати. Да се спротивставиме на декаденцијата, немањето на принципи и вредности. Заедно да се бодиме против она што го мачи нашиот народ и знам дека така ќе успееме. Задно, со надеж во која може секој да верува. До заедничка победа.
Нека е честит прaзникoт
Нека е вечен споменoт нa Свети Климент Oхридски
Нека е вечно неговото дело
Со почит,
Христијан Мицкоски,
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ