Не можам да бидам убеден дека на 12 април идната година ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ Сител во емисијата Детектор.

Тој натаму додава дека одлуката за предвремени парламентарни избори ја носи Собранието.

-Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот, вели Пендаровски.

Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се одржат предвремени или редовни парламентарни избори.

– Може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок, вели Пендаровски.