Oд 2018 година или за 6 години потрошија повеќе од 25 милијарди евра. Граѓаните треба да ги прашаме што видоа, што е направено со овие пари, колку километри автопат е направен, освен тоа што беше речиси готово и само го финишираа. Гледате што се случува за автопатот во делот Кичево – Охрид застој целосен и на отворена сцена имаме политички и криминални калкулантства. Најавија проект потрошија повеќе од 200 милиони евра, буквално ниту една шајка не заковаа, од ветеното ништо не испорачаа, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на денешната посета на Струмица која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.
Мицкоски се осврна дека не е направени ништо ниту во Струмица каде многу ветуваа.
„Се сеќавам на индустриската зона Сачево, појдете да видите дали од најавените десетици инвестиции, дали еден темел е ставен од истите. Ние сме подготвени сериозно да ја трансформираме Македонија“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски укажа дека партијата има јасен план што да се направи и во овој регион, како и во целата држава.
„Ние имаме јасен план, а тие потрошија многу пари и ништо не испорачаа, се помал е лимитот за изработка на големи суштински проекти. Но, ние треба прво основните да ги реализираме затоа што граѓаните имаат потреба од основни работи“, кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи „прво да го завршиме почнатото, а тоа се многу споменици, споменици како проекти кои се незавршени, тоа да го завршиме и се ќе биде поинаку, граѓаните ќе имаат надеж“.