„Во Градско граѓаните ќе се изборат за правда. Тоа денес го видов на заедничката средба. Немојте да дозволите никој да ве уплаши, немојте да дозволите никој да ве уцени. Иако сум свесен за притисоците кои што се прават, затоа што деспотот е на колена“, напиша денеска на ФБ Христијан Мицкоски по средбата со граѓаните на Градско.
„Го видовме денешниот митинг на СДСМ, тие доживејаа фијаско во Скопје. Готов е, и доаѓа денот затоа ни е потребно сите ние, еден до друг да застанеме, да се обединиме, сплотиме, рамо до рамо, грб до грб да си бидеме потпора еден на друг, затоашто потребно е да ја осолободиме Македонија од канџите на Зоран Заев и Пендаровски Стево“, истакнува Мицкоски.