Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово. Тој пред присутните истакна дека оваа ненародна влада на чело со Заев мора да замине час поскоро, а како причина за тоа ги наведе сите предизборни лаги и празни ветувања.
Мицкоски посочи дека капиталните инцестиции се на катастрофално ниско ниво.
Денеска излегоа податоците за капиталните инвестиции. За 4 месеци владата има дваипол пати помалку капитални инвестиции од она што го сторила претходната влада истиот тој период лани. Значи го полнат буџетот со парите граѓаните, но не го трошат за капитални инвестиции што ќе значи раст на стопанството, туку за други непродуктивни трошења. А како го полнат? Собрале 23 милиони евра повеќе врз основа на акциза, а таа е акциза е онаа што ја покачија на почетокот на годината. Значи директно од џебот на граѓаните преку поскапување на горивото, одат во буџетот, кој гледаме како непродуктивно го трошат. Тоа е истата акциза за која ВМРО-ДПМНЕ бараше да се укине, а власта го одби предлогот, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека данокот на добивка се полни со инвестиции направени од претходната влада.
Во текот на денот прес конференција одржа и партијата на Мицковски.
„ВМРО-ДПМНЕ бара Владата на СДСМ да го укине покачувањето на акцизата што влијае на зголемување на цената на дизелот“, изјави Владимир Ѓорчев од опозициската партија.
– Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со оваа инфлација која што и се случува на Македонија е секојдневна. Од тие причини бараме веднаш и неодложно укинување на наметнатата акциза на дизелот од 3,5 денари која што ја наметна владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски“, рече Ѓорчев.
Според него, трошоците за економијата се огромни односно се работи за повеќе од 40 милиони евра на годишно ниво.
– Доаѓаме до еден фрапантен заклучок, а тоа е дека откако Заев е премиер цената на дизелот во Македонија се зголеми од 46 на 65 денари. Тоа е зголемување од повеќе од 40 отсто, истакна тој.