Претседателот на владата, Христијан Мицкоски во интервју за Македонската телевизија, направи споредба со економски параметри меѓу претходната и оваа Влада. По споредбата со номинален раст на плати, инфлацијата, споредбата со растот на БДП во годините 2022 и 2026, Мицкоски посочи и на параметар за инфлација на нафта и нафтени деривати, а податоците покажуваат дека во време на владата на СДСМ имаше шест пати поголема инфлација на нафтените деривати, од 32,3%, а сега е 5,8% и тоа во време на најголемата енергетска светска криза.
Ако гледаме други параметри, инфлација, нафта и нафтени деривати 2022 година била 32,3%. Од први до 5-ти месец 2026 била 5,8%. затоа што се донесоа навремени мерки и точни мерки. И сега ќе ви кажат „не сте донеле мерки“. Чекајте, инфлација нафтени деривати 32,3% во 2022 година. Ние мораме со нешто такво не мораме да се споредуваме, со реални бројки, не со измислени. А сега 5,8%. Скоро 6 пати подобро. Не еднаш, не два пати, шест пати. Па, простете господа во ред е да сте опозиција и да критикувате, ама бројките ве демантираат, посочи премиерот Мицкоски прашан за обвинувањата за буџетскиот дефицит и антикризните мерки.




