Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше на увид на реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, каде беше прашан за негово мислење околу одлуката на Апелација за случајот „27 Април“.

– Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, рече Мицкоски.

Премиерот со жалење потенцираше на фактот дека дел на обвинители и судии денес сведочат за фингирани процеси, уценувања и притисоци.

– Како држава неможеме да одиме напред ако две работи не добијат јасен одговор. Првиот одговор е, како Катица Јанева повторно ги задолжи обивнители од СЈО да вршат терор врз македонските граѓани? И вториот случај е да се дознае вистината за „27 април“. Се’ останато е во рамките на правосудството, дециден Мицкоски.