Станува збор за едно лице, кое што е поранешен градоначалник на општина и поранешен директор на јавна институција, во случајот Царинската управа. Станува збнор за неколкумина вработени во рамките на таа институција и станува збор за лице кое што било блиско до претходната Влада и било лице кое честопати ги олеснувало овие условно кажано дејства кои што изобилуваат со многу незаконитости, или народски кажано посредник.
Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на акцијата на Финансовата полиција во која беше уапсен поранешниот потпретседател на СДСМ, поранешен пратеник, поранешен градоначални на Карпош и директор на Царинската Управа Стефан Богоев и уште неколку лица.
-Од информациите кои што јас ги имам, ова ќе се проширува и од информациите кои што јас ги поседувам, неколку јавни институции во периодот кој што следи ќе имаат слични вакви акции за недоследности од минатото кои што се содржани во ревизорски извештаи, кои што претставуваат индиции за злоупотреба на службената положба и овластување. Тоа се се’ на ниво на истраги, верувам во презумпција на невиност. Секој има можност да ја докаже својата невиност и не би навлегувал во дополнителни нови коментари за да нематеријално го нарушам процесот, истакна Мицкокси.




