Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот Фејсбук профил соопшти дека поднеле интерпелација за, како што наведува, најнеуспешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
– Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива, пишува Мицскоски.
Тој додава дека во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се зборува за фактите кои, како што вели, ќе го разобличат неговото делување.