Навистина, тоа кое таму се случило, претставува нешто кое што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција, заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип на институција не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во однос на изнајмувањето на „Македониумот“ во Крушево.

Премиерот им се извини на граѓаните за направениот пропуст и порача дека во иднина ќе се трудат такво нешто повторно да не се случи.

-Уште денеска ќе побарам и членовите на Управниот одбор и директорот на таа културна институција да бидат разрешени, рече Мицкокси.