-Еве ќе ви кажам една неформална информација. Мене ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии тој ден. Не го кажувам името од објективни причини, но кога ќе има вистински реформи во судството и обвинителството подготвен е човекот да сведочи и кој го мотивирал и како го мотивирал, изјави Мицкоски при гостувањето на ТВ 21.

Мицкоски посочи дека доколку конечно се отвори истрага за овие предмети, тој е спремен да сведочи.

-Ги повикувам да дојдам да сведочам, кога ќе ја започнат истрагата, подготвен сум тогаш да им кажам, нагласи Мицкоски.