Наместо да ја забранат корупцијата и криминалот тие ја забрануваат употребата на терминот “Македонија”, реагира денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Знаевме дека се криминалци, сега знаеме дека се и фашисти. Македонија за нас е свето име, освен што е наше право, тоа е и наш долг, објави Мицкоски на Фејсбук.

Како што вчера објавивме, со документ потпишан од Министерството за правда и министерот Бојан Маричиќ, е забранета употребата на името Македонија без Северна.