Масовната миграција предизвика намалување на населението во речиси сите 12 окрузи во Албанија, така да над 80 проценти од територијата на Корча е без жители, аларм и во Ѓирокастро и Кукс појава која станува алармантна, објави „Монитор“.
Над 80 проценти од територијата на округот Корча е без резидентно население во стандардната територијална мрежа од еден квадратен километар, што е највисоко ниво во земјата. По Корча, Ѓирокастро се рангира со 77,5 отсто, Валона со 71,4 проценти и Кукс со 70,7 отсто. Податоците се објавени во Конечниот извештај на Административно-територијалната реформа 2.0 и се базираат на пописот од 2023 година и распределбата на населението во стандардната европска мрежа 1×1 километар, се наведува во анализата.
Според истиот извор во округот Скадар, 67,2 отсто од територијата е ненаселена, во Пешкопеја 62,3 проценти и во Берат 60,8 отсто. Лежа и Елбасан се блиску до националниот просек, со 54,3 проценти и 53,6 отсто соодветно.
Од друга страна, најголема концентрација на население на територијата на земјата е забележана во Драч, каде што само 20,6 проценти од површината е ненаселена, Фиер има 39,9 отсто додека округот Тирана има 43,7 проценти ненаселена територија.
Разликата е особено силна во планинските региони и на југоисток. Корча, иако има еден од најконсолидираните урбани центри во земјата, има голема територија каде што населението е ретко или воопшто го нема. Истиот феномен се забележува во Ѓирокастро, Кукс и делови од регионот Валона.
Оваа структура има директна релевантност за територијалната реформа. Една општина или округ може да има релативно густ урбан центар, но во исто време да администрира големи области со многу малку жители.
Во овие области, трошоците за патишта, транспорт, социјални услуги, итни случаи и администрација по жител можат да бидат значително повисоки.
Фото: архива




