Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер најави поддршка за заштита на границата од мигрантите за Грција и за Западен Балкан.

Поради моменталната состојба на турско-грчката граница, Немахер во разговор со унгарскиот колега Шандор Пунтер се согласи да испрати полицајци на унгарско-српската граница.

Прво, 19 полицајци, а подоцна и две полициски кучиња ќе бидат испратени во мисија да ги поддржат унгарските власти во одбраната на надворешната граница на ЕУ.