Караванот со околу 3.000 мигранти воглавно од Хондурас, продолжија низ Мексико кон САД и покрај предупредувањат на американскиот претседател Доналд Трамп и мексиканската влада.
Илјади мажи, жени и деца напредуваа 40 километри на мекдиканска територија од Суидад Хидалго на границата со Гватемала, до градот Тапачула во државата Чиапас.
Најголем дел влегоа во државата илегално и ги игнорираа повиците на мексиканските власти да побараа азил во Мексико. Организаторите велат дека вокараванот има 7.500 луѓе, но нема официлана потврда.До американската граница ќе мора да поминат уште 3.800 километри.
Трамп кој се закани дека ќе ја повика армијата да ја затвори границата со Мексико, синоќа овјави на ТВитер дека „се преземаат сеопфатни напори за да се запре бранот илегални мигранти“. Тој се закани за прекин на помошта за Хондурас, Гватемала и Салвадор ако не успеат да ги спречат мигрантите да преминат нивни граници на патот кон САД.