Болничко лекување е причината поради која екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков денеска не влезе во затворот во Струга. Од охридскиот суд за Телма потврдија дека тој добил одложување на врз основа на член 143, став 1, точка 1 од законот за извршување на санкции кој гласи:

Член 143 ЗИС

(1) На осуденото лице кое се наоѓа на слобода може на негово барање судијата за извршување на санкции, да го одложи почетокот на извршувањето на казната затвор, ако: се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности;

За која потешка акутна болест станува збор и во која болница е на лекување, од судот не откриваат. Според информациите на Телма станува збор за приватна болница.

Терминот за во затвор му е сменет во последен момент во петокот.

На 28 август во Охридскиот суд пристигнала молба со која осудениот бара да му се одложи почетокот на издржувањето на казната поради здравствени причини, за што поднел и медицинска документација.

Истиот дена на 28 август по електронска пошта до судот е доставена дополнителна медицинска документација и потврда дека осудениот е хоспиптализиран во здравствена установа. Судот веднаш се обрати до здравствената установа за да се проверат овие околности. На 04 август пристигна известување од установата дека е осудениот е хоспитализиран. На 05 август е донесено решение со кое е одложено издржувањето на затворската казна за 15 дена, соопштија од охридскиот суд.

Но и 22 август може да не биде првиот затворски ден за поранешниот прв човек на УБК. Тој има право повторно да бара одлагање ако сѐ уште е на болничко лекување а судијата за извршување на санкции според истиот закон може да ги провери околностите наведени во барањето и да бара дополнителни информации.

3 годишната казна за „Империја“ е прва правовсилна пресуда за Мијалков која ја доби откако се спогоди со обвинителството да врати и 6,1 милиони евра во кеш и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра, вклучувајќи градежна парцела во центарот на Скопје и 25 стана.

Законот за извршување на санкции предвидува казните до 3 години да се издржуваат во затвор кој е најблиску до местото на живеење.

Пред точно еден месец Мијалков ја започна постапката за менување на адресата од Скопје, со што стана уште еден познат затвореник во струшкиот затвор, кој е од отворен тип.

Други осуденици кои ја искористија оваа законска празнина се Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски, исто по признаена вина за мултимилионскиот криминал во предметот „Империја“. Сепак пионер на струшкиот затворски туризам е Зоран Милески Кичеец