Арсенал ќе го продолжи договорот со тренерот Микел Артета, објави „Дејли мејл“.
Според британскиот весник, раководството на „Топџиите“ сака да го продолжи договорот со 39-годишниот Шпанец на две години. Сегашниот договор со тренерот е со важност до крајот на јуни 2023 година.
Артета го презеде Арсенал во декември 2019 година. Под негово водство, тимот го освои ФА Купот и Суперкупот.
Арсенал оваа сезона е 7-ми во Премиер лигата со 35 бода од 20 натпревари.