Бројките на заразени и починати сега и бројките од 22 април се исти, само што тогаш имаше полициски час од 16 часот и сите седевме дома, а сега сите мерки се олабавени, тврди во изјава за „Фокус“, микробиологот Никола Пановски.

– Факт е дека имаме големи бројки и немаше потреба од такво нагло олабавување на мерките. Знам дека се спремаат за избори и дека полека се спрема терен, но тоа не е решение ако ти секојдневно имаш толку заразени и починати. Ако сакаме да бидеме како Шведска требаше од прв момент да не воведуваме никакви мерки и да си тераме така. А, не во еден момент на истите бројки некои имаа по два саати право да излезат, а сега се нормално функционира, вели Пановски.

Во однос на делот, дека во последниот период во скопските општини Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел има најмногу заболени, Пановски вели дека тогаш тие општини треба да се стават во карантин.

– Ако не цела држава, тогаш тие општини каде има најмногу заразени треба да бидат во карантин, вели доктор Пановски.