Министерката за одбрана Славјанка Петровска на прославата на јубилејот три години од членството во НАТО се појави во нов фустан.
Петровска, како што објави порталот Експрес, се појави во дизајниран фустан со материјал во неколку различни варијанти на сина боја со 7 копчиња.
Таа важи за член на владата кој најмногу внимава на начинот на облекување, пишува порталот.
Петровска се уште не открила од каде ги набавува или кој и ги дизајнира фустаните и другите модни парчиња на кои и завидуваат многу македонски жени.
Инаку, Петровска е миленичка на премиерот Димитар Ковачевски, кој на партиските собиранки на СДСМ ја повикуваше: Стани Цаци да те види сала!