Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов дава одлика на конзистентен политичар кој се држи до оние принципи врз основа на кои што го добил мандатот од граѓаните и до Уставот на Република Македонија врз кој дал заклетва дека ќе ја врши својата должност и функција, оцени денеска пратеникот  Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ по новогодишното обраќање на Иванов во Собранието.

– Неговата политичка зрелост да го прифати референдумот како волја на граѓаните да го зачуваат Уставот на РМ каков што е бидејќи неуспешниот референдум навистина е патоказ и за пратениците и за извршната власт и за претседателот дека мнозинството на граѓани не се согласува со наметнати решенија што власта се обидува преку уцени, амнестии и други политички пазарења да ги преточи во некој спротивен на волјата договор што го потпишаа, истакна Милошоски.

Нагласи дека загрижувачки е тоа што денеска првпат се слушна во историјата на Македонија од еден претседател дека тој и неговите соработници имаат сознание дека врз основа на усна наредба УБК  ги следи комуникациите на претседателот на државата на неговото семејство и на неговите блиски соработници.

Милошоски посочи дека доколку ова е вистина може да се смета како еден голем минус кој создава правна несигурност и политичка несигурност не само за претседателот, туку и за сите граѓани затоа што би можел да биде условно кажано истиот или следниот врз основа на усна наредба да биде следен во неговите комуникации заради неговите политички несовпаѓања