Пратеникот и екс министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, побара оставка од Заев, Димитров и Османи заради блокадата во ЕУ за датум за преговори. Се разбира, не би било „цело, ако немаш се“, доколку Милошоски не го вметна и условот за оставка, а тоа е „доколку чувствуваат одговорност“. Е, Милошоски, Заев, Димитров и Османи не чувствуваат одговорност. И?
Сепак, еве што порача пратеникот:

„Заев, Никола Димитров и Бујар Османи би требало да си поднесат оставки, доколку чувствуваат одговорност за неуспехот и нивните лажни вести од лани.
За разлика од 2018, кога само Франција и Холандија ја блокираа одлуката за датум за преговори со Македонија и Албанија, оваа година, според дипломатски извори и кредибилни дописници од Брисел (како @BedaRomano од 24-Ora), кон овие земји се придружиле и ЕУ-членките Германија, Данска, Шпанија, Луксембург и Белгија.“