Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на С. Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.

– Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој.

Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.