Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа.
Состанокот се одржува на покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, а покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и премиерите на Романија и Црна Гора – Николае Чука и Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската Влада.
На состанокот ќе се дискутира за влијанието на војната во Украина врз регионот, а шефовите на владите ќе разменат мислења и за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.
Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.
По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.