Министерот за правда, Кренар Лога синоќа на социјалните мрежи објави фотографија од својот нов извод од матичната книга на родени, во кој ја има и графата за националност.

Неодамна министерот донесе одлука во изводите да има графа за припадност на етничка заедница, поради што секој што вади нов извод мора да се изјасни на коа заедница ѝ припаѓа.

Графата националност во изводите се воведе со новото Упаство за водење на матичните книги кое го донесе Министерството за правда. Во него е напишано дека тој е Албанец, а изводот е двојазичен и уште на него се гледа дека матичарот бил извесен Мусли Реџепи.

Уставниот суд на сопствена иницијатива отвори предмет за Упаството и веќе закажа седница на 5 јули на која ќе го разгледува овој предмет.