Министерот за спорт во Владата на Петков од редовите на ИТН на Слави Трифонов и петмина пратеници од „Има таков народ“ ја напуштаат партијата, соопштија самите на брифингот што се одржа на Националниот стадион „Васил Левски“.

На него присуствуваа пратениците Николај Радулов, Иво Атанасов, Георги Георгиев, Дејан Петков, Светлин Стојанов.

Василев рече дека пред два месеци добил понуда од „Продолжуваме со промената“ да остане министер за спорт, бидејќи и тогаш „Има таквов народ“ се закануваше дека ќе ја напушти коалицијата, а на коалициските совети нејзини претставници зборувале само за проценти.

Тој смета дека овие пратеници кои ја науштаат ИТН сега се радуваат затоа што биле угнетувани. Тој и Иво Атанасов коментираа дека не заминуваат од ИТН за да прејдат во друга партија, ниту ветија дека ќе поддржат друга партија.

„Не можам повеќе да ги поддржувам постапките на лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов и да ја губам довербата во него. Мафијата влезе во „Има таков народ“, рече Василев.

Тој не може да ја оправда одлуката на Трифонов да ги повлече министрите од Владата.

„Има таков народ“ е бизнис проект од самиот почеток. Одбивањето на коалициските партнери да обезбедат пари за конкретни фирми е вистинската причина за повлекувањето од власта. Нема Македонија, Македонија е апсолутно имагинарна причина, повод“, рече Василев.